| Како да ги одржите колената здрави |
![]() Колената се веројатно најважните зглобови во вашето тело, а во исто време, тие најбргу се оштетуваат. Со изминувањето на годините, може да почувствувате болки и да имате големи проблеми со нив. Овие неколку совети ќе ви помогнат да го одржите доброто здравје на колената. - Вежбајте секојдневно. Доколку не вежбате, вашите колена ќе претрпат повеќе штета. Дури и ако имате повреда на колената, пасивноста ќе предизвика атрофирање на мускулите околу зглобовите, тие ќе окрутат и самите зглобови постепено ќе станат поподложни кон повреди. Не постои некое строго правило за времетраењето на вежбите со кои ќе ги зајакнете колената, но во просек, најдобро е да вежбате по половина час дневно, комбинирајќи ги кардиоваскуларните вежби и вежбите со тегови. - Истегнувајте се. Ако некогаш сте практикувале некој спорт, тогаш знаете колку е важно истегнувањето на зглобовите, пред и по секој тренинг. Истегнувајте се темелно, од главата до петите, но обрнете особено внимание на мускулите на нозете, за колената секогаш да ви бидат раздвижени. - Посветете повеќе внимание на вежбите за нозе. Обидете се да одвоите повеќе време од тренинзите за зајакнување на мускулите на нозете. Доколку не сте сигурни како најдобро да го постигнете саканиот ефект, консултирајте се со професионалци. - Одбегнувајте активности кои ги оптоваруваат колената. Ако постои некој спорт или пак некоја активност која сакате да ја правите, а со тоа ги оптоварувате колената, намалете ја фреквенцијата на практикување. Доколку се работи за тенис на пример, наместо да играте секој ден, играјте секој втор ден. Наместо еден на еден, играјте во двојки и одбегнувајте ги тврдите подлоги. - Носете соодветна опрема. За секој спорт, постојат специфични патики. Доколку трчате, заменувајте ги патиките за трчање на секои петстотини истрчани километри. Многу е важно нозете да имаат соодветна потпора. За таа цел, ние ви ги препорачуваме извонредните фитнес патки WalkMaxx. - Одржувајте соодветна телесна тежина за вашиот тип. Доколку во споредба со градбата имате прекумерна телесна тежина, тоа дополнително додава притисок на колената. Ако некогаш сте барале добра причина да почнете да слабеете, оваа можеби е најдобрата. Колената ќе ви бидат потребни целиот живот. Доколку почувствувате остри болки во колената или пак тие ви потечат, веднаш отидете на лекар. Колку побргу добиете третман за потенцијалната повреда, толку се помали шансите да заработите трајна повреда. |


















