|
|
 Будењето со вкочанет врат е чест проблем. За да го надминете проблемот, треба да ги надминете потенцијалните причинители. Болката надоаѓа толку постепено во текот на ноќта што не сте ни свесни за неа сè до утрото. Следете ги овие чекори за да го идентификувате и да го коригирате проблемот со вкочанување на вратот.
- Користете соодветна перница. Погрижете се перницата да ја подигнува Вашата глава околу 7 сантиметри повисоко од телото, кога лежите на грб или на страна. Добрата перница удобно ја потпира главата и обезбедува потпора за вратот во текот на целата ноќ. Спиењето со вратот поставен под неприроден агол е најчестата причина за вкочанување. Доколку често се будите со вкочанет врат, размислете за купување перница специјално дизајнирана за потпора на вратот.
- Спијте на цврст душек. Дури и ако имате соодветна перница, меките душеци можат да ја нарушат правилната положба за спиење. Добрата положба во текот на спиењето е подеднакво важна колку и правилниот став на телото во текот на денот. Идеално, душекот и перницата треба комбинирано да функционираат во насока на одржување на вратот и ’рбетот во правилната положба и на тој начин да спречат истегнување на мускулите и вкочанување на вратот.
- Избегнувајте спиење на провев. Отворениот прозорец во спалната соба внесува чист воздух кој може позитивно да влијае врз здравјето, но доколку воздушната струја поминува близу до Вашиот врат, тоа може да ги излади мускулите и да доведе до вкочанување на вратот. Спиењето со вклучен климатизер може да го предизвика истиот ефект. Доколку морате да спиете со отворен прозорец или пак со вклучен климатизер, тогаш преместете го креветот во делот од спалната соба каде што нема провев.
- Избегнувајте спиење на стомак. Оваа положба предизвикува неправилно подигнување на главата и може да предизвика претерано вртење на главата на едната или другата страна, што може да доведе до истгнување на вратот. Ако имате тенденија во текот на спиењето да се превртувате на стомак, поставете перници на двете страни од телото, кое ќе го спречат превртувањето.
- Ослободете се од тензијата во вратот со неколку едноставни вежби за растегнување, пред легнување. Стресот може да се акумулира во текот на денот, а ако не преземете нешто да го опуштите вратот, напнатоста може да се интензивира во текот на ноќта. Истегнувањето во креветот, пред станување, исто така може да помогне.
- Консултирајте се со лекар доколку често се будите со вкочанет врат и покрај сите напори да ја коригирате оваа состојба. Хронично вкочанетиот врат може да претставува симптом на посериозен проблем.
За максимална удобност во спиењето ви ја препорачуваме Перницата Контур која овозможува анатомски правилна положба која ги релаксира вашите мускули на рамената, вратот и ги сведува точките на притисок на минимум. |
Сигурно ви се случило да се разбудите со вкочанет врат и потоа во текот на целиот ден да се мачите со движењето на главата. За оваа состојба виновни можат да бидат повеќе фактори, но што да направите откако ќе се соочите со неа, а да не посегнете по лекарства? Прочитај повеќе Дали секојдневното работење пред компјутер започнува да ви предизвикува болки во вратот и рамената? Тогаш, можеби е време да направите промени во навиките. Следете ги овие едноставни совети, за да дојдете до поздрав врати и поздрави рамена. Прочитај повеќе
Повеќе од 40% од луѓето чувствуваат болка во вратот најмалку еднаш годишно. Многу нешта може да предизвикаат болка во вратот, вклучувајќи ја и социјалната работна средина и индивидуалните психолошки фактори. Прочитај повеќе
Вкочанетоста во вратот е честа појава, особено кај луѓе кои цел ден седат пред компјутер, а може да биде последица и од секојдневниот стрес на работното место и во домот. Прочитај повеќе
Експертите велат дека вежбањето во периодите кога се борите со инфекциите, може да биде корисно за организмот и побрзото опоравување. Во просек, тие што редовно вежбаат, двапати помалку се разболуваат од останатите луѓе... Прочитај повеќе
Болките во вратот се еден од најчестите здравствени проблеми. Приближно 2 од 3 луѓе се соочуваат со ваквата болка во некој дел од животот. Причините за болката можат да бидат најразлични, но за среќа, постои и начин за справување со неа. Прочитај повеќе
Децата по природа се немирни суштества кои често се удираат и се повредуваат во текот на нивните игри. Иако најчесто сето тоа поминува речиси веднаш, понекогаш се случува да се пожалат на болки во вратот, а тогаш е многу важно да знаете да распознаете истегнување кое настанало од играње, од нешто посериозно. Прочитај повеќе
Вкочанетоста во вратот и рамената може да ја чувствува секој, а ние ви предлагаме начини како да си помогнете. Прочитај повеќе
|
|
Здрав врат и рамена
Цена: 1.690,00 Ден.
Здрав врат и рамена
Цена: 3.990,00 Ден.
Здрав врат и рамена
Цена: 1.290,00 Ден.
Здрав врат и рамена
Цена: 3.790,00 Ден.
|
 |
|