| Вежби за здрав грб (трет дел) |
![]() Грбот е еден од најчувствителните делови од телото. Доколку не сакате да ви се јават болки во него, треба да практикувате вежби кои ќе придонесат за одржување на добрата состојба на грбот. Овие вежби ќе ви помогнат да го одржите доброто здравје на грбот. Аеробик вежбите се важни за грбот, но важни се и за целиот организам. Тие ја подобруваат кардиоваскуларната кондиција, ги зајакнуваат срцето и белите дробови и значително ја подобруваат способноста на телото да го апсорбира кислородот. Дополнително, овие вежби го зголемуваат нивото на енергија, го подобруваат расположението, овозможуваат подобар сон и го снижуваат високиот крвен притисок. Како дополнителен благодет од аеробик вежбите се согорува значителен број калории, со што се забрзува метаболизмот и се олеснува намалувањето на телесната тежина. Најдобри примери за аеробик вежби се: џогирање, возење велосипед, возење ролери, пливање, веслање, пешачење, танцување итн. За најдобри резултати од аеробик вежбите, треба постепено да го зголемувате времетраењето и интензитетот на вежбите, сè додека не стигнете од 20 до 60 минути по тренинг, 3 до 4 пати неделно. Пред да започнете со вакви тренинзи, консултирајте се со матичниот лекар; а не заборавајте секој тренинг да го започнете со најмалку 5 до 10 минути вежби за истегнување, за да не дојде до повреди. Нормално, мора да ги имате предвид потенцијалните ризици: - Скокањето со јаже предизвикува преголем притисок на колената и може да доведе до нивно оштетување. Никогаш не ја игнорирајте ја болката. Ако таа се појави во некој дел од телото, особено во грбот (или пак ако се прошири во нозете), запрете го тоа што го правите. Никогаш не продолжувајте со вежбите кога имате болки – состојбата само ќе се влоши. Од друга страна, не треба да станете неактивни од страв од болки. Научете да го проценувате сопственото тело, за да знаете дали болките се сериозни или не. Доколку болките во грбот ви станат хронични, треба да размислите за купување помагало што ќе ви помогне трајно да се справите со нив. Важно: Кога ги изведувате вежбите внимавајте да не ги надминете сопствените можности и граници на издржливост. Ако треба, започнете со помал број повторувања и постепено напредувајте. |










.gif)

.gif)

























