| Уживајте во активностите во природа |
![]() Пролетта е овде, а и летото се ближи! Период на нашето „враќање кон природата“. Време за работа во дворот и градината...време за „викендашите“ да ги истегнат мускулите...време за планинарење, возење велосипед, по малку фудбал...изобилство на можности...меѓу кои, за жал, се и болките во грбот! Голем дел од овие повреди можат да се избегнат или набрзо да се излечат, со малку знаење и грижа. Мала превентива, врши голема работа, а најсигурниот начин за спречување на повреди на грбот е оформувањето на силен и здрав грб. Најдоброто нешто за сите оние кои работат во канцеларија е посетувањето на вежби за зајакнување и заздравување на нивниот грб. Ова треба да се навики за цел живот ,,исто како миењето на забите''. Секојдневно ги миеме забите за да ги заштитиме од болести...па, и вежбите за грб помагаат да се заштити грбот од болести, или со други зборови дегенерација.
Вежбите за грб се поделени во три фази. Првата фаза се вежби за истегнување. Сетете се на мачката..најподвижното од сите животни. Што прави прво кога ќе се разбуди? Не скока веднаш наоколу, туку..се истегнува! Се истегнува долго, бавно. Три добри истегнувања за половината се:
1) Седнете на под со свиткани колена и рамни стапала. Вкрстете ги рацете напред и спуштајте се назад додека не почувствувате дека ви се грчат стомачните мускули. Останете во таа положба додека изброите до 5. повторете 20-30 пати. Кога ова ќе ви стане лесно, правете и поголем број повторувања. Уште неколку совети за во градината. Не останувајте во наведната положба подолго време, без да се исправите и истегнете, и малку да прошетате. Внимавајте како кревате!!! Застанете пред предметот, свиткајте ги колената и подигнете го предметот блиску до телото. Никогаш не се вртете или наведнувајте додека подигате нешто. На овој начин настануваат повреди на врзното ткиво околу дискусите. Ако настане повреда, ПРЕСТАНЕТЕ со работата. Не ја завршувајте работата со болка. Легнете. Ставајте мраз првите 24-48 часа, по 20 минути, на секои 2 часа. Мразот помага за спречување на отоци и воспаленија, а подоцна употребуваме топлина за лечење и за намалување на мускулните спазми. Ако болката не се намали, консултирајте се со лекар. Запомнете, зрно превентива вреди колку шака лекови. Затоа, раздвижете ги грбовите и уживајте во убавото време! |











.jpg)

.jpg)








.jpg)

















