`Рбетот ќе ви
биде благодарен!

Јавете се

02 3094 551
  • Вашата кошничка е празна
КОСМОДИСК СУПОРТ Стегач за глужд
КОСМОДИСК СУПОРТ Стегач за глужд

Овозможува ефективна и приспособлива потпора за вашиот глужд. Идеален е за мали исчашувања и шинувања. Една големина за сечиј обем. Достапен во црна боја.


Болките во глуждот често се предизвикани од исчашување на глуждот. Во поголемиот број случаи глуждот е извртен кон внатре, предизвикувајќи мали кинења на лигаментите. Ова го прави глуждот делумно нестабилен. Кинењето доведува до отоци и модринки со што се отежнува функцијата на зглобот да носи товар. Откако ќе се исчаши глуждот, потребни се неколку седмици, па и месеци, за потполно да заздрави.

КОСМОДИСК СУПОРТ Стегачот за глужд овозможува ефективна и приспособлива потпора за вашиот глужд. Направен е од трислоен Велпурли материјал, кој дише и е пријатен за кожата. Лесен е и удобен за носење во текот на целиот ден. Идеален е за мали исчашувања и шинувања.

  • ги намалува болките и спречува повторни повреди
  • потпира и загрева
  • направен од трислоен Велпурли материјал, кој дише и е пријатен за кожата*
  • лесно приспособливи Велкро® лепенки
  • одговара на десен и лев глужд
  • една големина за сечиј обем
  • достапен во црна боја
  • едноставно чистење
  • нема ризик / 30 дена рок за враќање на парите

*Стегачот за глужд е направен од Велпурли 3« материјал - кој е цврст, дише, ја одржува телесната температура и е пријатен за носење. Овој материјал е, исто така, Х-Стреч - растеглив е во сите насоки. Има три слоја: црн велур, полиуретанска пена и црна ликра.

  1. Стегачот за глужд треба да се намести со меката страна од ткаенината кон глуждот. Ставете ја петата во отворот. Обвиткајте го стегачот од надворешната страна на стапалото преку лакот на стапалото.

  2. Продолжете да го обвиткувате стегачот под стапалото и вкрстете го преку лакот. На крајот обвиткајте го задниот дел на потколеницата над петата и зацврстете го со помош на Велкро лепенката.

Стегачот за глужд треба да ви биде удобен кога го носите, а сепак да ви дава добра потпора и зајакнување на пределот на глуждот и околу него, како и да ви овозможува потполно природно движење.

ОДРЖУВАЊЕ И ЧУВАЊЕ

КОСМОДИСК СУПОРТ производите се перат во машина на 30°C. Се препорачува пред перењето да се залепат Велкро лепенките. Не ги центрифугирајте, сушете ги на рамна површина без директна сончева светлина. Чувајте ги на ладно и суво место.


Подарок вага
Задоволни корисници
Мара и Симо Евчески, Пензионери

Осетив дека тој ми е единствен лек којшто може да ме спаси од болката.

© 2007, Студио Модерна д.о.о.е.л. | Контактирајте нè | За нас | KOSMODISK International

Произведен во Словенија, ЕУ од Studio Moderna d.o.o. Podvine 36, 1410 Zagorje ob Savi, Slovenia


Студио Модерна дооел, Иван Милутиновиќ бб, 1000 Скопје, Тел. 02/ 3094 551

ЗАТВОРЕТЕ X