|
|
 Но, што ако се чувствувате лошо? Дали сте осудени на несреќен, нездрав живот? Секако дека не! Никој постојано не се чувствува добро. Искористете ги овие едноставни начини за подобрување на расположението кога сте нерасположени, а во исто време, подобрете си го и имунитетот.
- Едноставно направете го тоа. Иако можеби не сакате да станете од каучот, да се истуширате и да отидете во кино за да го гледате филмот кој мислевте дека можеби е добар, сепак направете го тоа. Отидете на забавата. Заминете до музичката продавница и купете го новиот албум од омилениот бенд. Одвлечкајте се до теретаната.
Најголемиот дел од нас мислат дека ставот мора да се промени пред однесувањето. Тоа е точно, но и обратната варијанта функционира беспрекорно. Ако се натерате да се однесувате на начин кој не е синхронизиран со моменталните чувства, мозокот нема да може долго да ја толерира нескладноста. Тој ќе го промени Вашиот став, за да го синхронизира со однесувањето.
- Откачете ги песимистите. Ограничете го времето што го поминувате со оние што постојано се жалат, се сомневаат и сите останати песимисти. Гледајте ја негативноста како еквивалент на соба исполнета со чад од цигари. Песимизмот е психолошка заразна болест.
- Издувајте се. Ова е клучно. Испразнете се од потиснатите чувства со силен емотивен полнеж. Барем еднаш неделно посетете или викнете различен пријател или роднина и разговарајте со нив за нешто што Ве мачи. Поминете ги сите од листата доверливи луѓе, а потоа почнете од почеток.
- Насмевката прави чуда. Без разлика дали имате причина или не, често смејте се. Нервите кои се поврзани со мускулите во лицето, се поврзани со делот од мозокот кој помага во одредување на расположението. Испратете му на мозокот сигнал дека сте среќни и погодете што – не само што ќе бидете среќни, туку ќе го подобрите и имунолошкиот систем.
- Дајте си аплауз. Ако се случи нешто добро, дајте си го признанието што го заслужувате. Направете голема работа од ништо. Но, кога ќе се случи нешто несреќно, не жалете премногу. Земете ги предвид сите околности и проценете ја Вашата одговорност. Потоа оставете го тоа зад Вас и продолжете понатаму. Не бидете премногу строги кон себеси.
- Влезете во победничка серија. Ништо не успева подобро од успехот. Ставете се во ситуации кои можат да имаат само позитивен исход. Како што ќе искусувате успеси, ќе започнете да се перцепирате како успешна личност, а себеперцепцијата го диктира Вашето однесување.
- Пролонгирајте го задоволството со планирање. Ако направите нешто спонтано во сабота навечер, ќе уживате во тоа, но само во сабота навечер. Доколку тоа нешто го планирате од четврток, ќе бидете во исчекување целиот ден четврток, целиот ден петок и целиот ден сабота. Исчекувањето помага во одредување на расположението. Исчекувањето на негативен настан предизвикува анкциозност, а ако се пролонгира доволно долго и депресија. Исчекувањето на позитивен настан, од друга страна, Ви ги подобрува расположението и ставот.
- Бидете хумористични и смејте се. Хуморот има позитивно влијание на повеќе нешта, вклучително и на имунолошкиот систем, а забавувањето на другите Ве забавува и Вас.
- Преземете контрола. Ако размислиме, зачудувачки е колкав дел од нашите животи можеме да контролираме. Дури и ако ситуацијата е лоша, преземете барем делумна контрола. Не чекајте цел ден за конфронтирачкиот телефонски разговор. Јавете се во 9 часот, наместо да чекате да Ви се јават во 13 часот и да трпите 4 часа анкциозност предизвикана од исчекувањето. Вашиот имунолошки систем го мрази ова.
- Фокусирајте се на позитивните нешта. Не се фокусирајте на негативните нешта врз кои немате никаква контрола. Во која било точка од времето, 90 проценти од нашите животи веројатно се во хаос и немаме контрола врз нив. Фокусирајте 90 проценти од времето на тие 10 проценти кои можете да ги контролирате и ќе добиете позитивни ефекти. На овој начин ќе Ви биде добро 90 проценти од времето.
- Користете го негативното расположение како будилник. Потоа разбудете се и направете нешто околу тоа – веднаш! Не дозволувајте случајноста да стане навика.
|
Како што одминува времето, сè повеќе корисници се одлучуваат за преносни компјутери, поради бројните предности на лаптопите. Сепак, користењето на овие уреди може да предизвика одредени здравствени проблеми во рацете – освен ако преземете соодветни мерки на претпазливост. Прочитај повеќе Сите знаеме дека физичката активност е здрава за срцето, но кај многумина постојат објективни причини кои спречуваат посериозно вежбање. За нив, најдобрата опција е редовното пешачење, кое ќе го одржи здравјето на срцето. Прочитајте како да започнете да ја градите ваквата навика. Прочитај повеќе
Кога имате болки во грбот, вратот, рамената или некое друго проблематично место на телото, едно од логичните решенија за намалување на болката е да отидете на масажа. Но, за таа масажа да ги даде посакуваните резултати, вие треба да пронајдете квалификуван и стручен масер, со високи етички норми и сето тоа потврдено со сертификат. Прочитај повеќе
Најпосле сте се решиле да се вратите во форма или да достигнете ново ниво на фитнес. Одлично. Но, не брзајте со почетокот на новата рутина, пред да размислите за можните последици. Прочитај повеќе
Најголем дел од луѓето работат во средини кои од нив бараат да го преседат денот. Но, многу мал дел од луѓето посветуваат внимание на вежбите за половината, со оглед на нискиот процент на луѓе што вежбаат и уште помалиот процент на оние кои се целосно свесни за важноста на вежбањето. Прочитај повеќе
Спортските повреди главно вклучуваат шинувања на скочните зглобови и грчеви во мускулите. Потребни се само неколку минути за да се спречат вакви и слични повреди. Прочитај повеќе
Кога времето нагло ќе се промени, во ординациите започнуваат да пристигнуваат пациенти во големи групи. Сите тие се жалат на болки кои се чини дека не постоеле минатата недела. Прочитај повеќе
За ефективно да се заштитите од појавата на трајни болки во грбот, потребно е да ги имате предвид сите фактори кои водат до иницијалната појава на болките. Прочитај повеќе
Во есен, со паѓањето на лисјата и честите врнежи од дожд, се зголемува и ризикот од повреди предизвикани од лизгање и паѓање. Прочитај повеќе
Собирањето на лисјата со гребло вклучува повеќе различни активности, како извртување, наведнување, подигање и истегнување, кои ангажираат повеќе мускулни групи. Неправилната употреба на градинарските алати може да доведе до ризик од повреди на коските и мускулите. Прочитај повеќе
Научниците тврдат дека аеробикот има позитивно влијание врз зглобовите заболени од артритис, не само заради тоа што ги зајакнува мускулите на колената. Ваквиот тип на вежби... Прочитај повеќе
Сте биле на диета, сте се мачеле 2-3 месеци да се ослободите од вишокот килограми и што сега? Има 10 златни правила за зачувување на витка линија и по завршувањето на диетата. Прочитај повеќе
Само со мали промени во положбата на спиење може да го отстраните дополнителниот напор врз грбот. Прочитај повеќе
Луѓето велат: „Одморите се забавни, но патувањето е многу напорно!“. Всушност, патувањето може да придонесе за зголемување на болките во грбот. Погледнете како можете да ги избегнете... Прочитај повеќе
Пензионирањето може да биде воедно освежувачко, но и збунувачко. Одлуките кои ќе ги донесете ќе имаат свои последици до крајот на животот. Но, најважни од сите ќе бидат одлуките донесени во врска со исхраната и фитнесот. Прочитај повеќе
Доколку сакате здрави коски, потребено е поголемо внесување на калциум. Овде можете да дознаете околу состојките кои ви се потребни и оние кои треба да ги избегнувате. Прочитај повеќе
Сега е ваш ред да се погрижите за нив. Конечно можете барем малку да им се оддолжите за нивната грижа. Најмалку што можете да сторите е да им помогнете мирно и без болки да уживаат во своите години, односно во заслужената пензија. Прочитај повеќе
Вежбите со топка ви помагаат да ги зајакнете стомачните мускули, но, исто така, и мускулите кои поретко се активираат, како и да ги подобрите рамнотежата и координацијата. Прочитај повеќе
Пред докторот да постави дијагноза за проблемите со Вашиот ‘рбет и одреди терапија за лекување, потребни се комплетна историја на болеста и лекарски прегледи.
Прочитај повеќе
КОСМОДИСК® годинава го прославува својот 14-ти роденден. КОСМОДИСК® е ефикасно, клинички тестирано помагало, создадено од експерти за да ги намали или отстрани болките во пределот на`рбетот и грбот, а веќе 14 години претставува едноставно решение за поудобен живот и кај нас.
Прочитај повеќе
Добро е да се трудите да го оформите вашето тело, но не е добро да се подгрбавите при тоа. Не мора да изгледате како професионален војник, доволно е да имате исправен ’рбет што ви влева самодоверба и прави да се чувствувате подобро. Причина за ова е фактот дека вашиот физички изглед е директно поврзан со вашите емоции.
Прочитај повеќе
„Без оглед на тоа што ве убедувале кога сте биле деца, не може да настинете само ако се шетате кога е многу ладно,“ вели Кетрин Шенер, педијатар во Американскиот институт за безбедност и здравје. „Напротив, ладното време не ни дава да излегуваме многу често, со што се намалува можноста за пренесување на бактериите од еден на друг.“ Прочитај повеќе
Дали, доколку дневно правите по 100 вежби за нозете, сигурно ќе имате повитки нозе? Дали мускулите се претвораат во масти кога ќе престанете да вежбате? Со оглед на сите информации кои може да ги најдеме во врска со фитнесот и вежбањето, многу е тешко да се оддели она што е факт од она што не е вистина. Прочитај повеќе
Лизгањето и паѓањето се најголем проблем за пешаците во текот на зимата. Сите знаеме како тоа изгледа: се шеташ, уживаш во белината и во чистиот воздух, размислуваш за секојдневни работи и одеднаш, додека да трепнеш, веќе си на земја свиткан од болка. Прочитај повеќе
Се чувствувате како крпа на закачалка? Најверојатно, сте премногу под стрес, уморни, или пак, на вас влијае зимската депресија заради скратената сончева светлина. Сега е вистинското време да размислите каде е вашата енергија. Прочитај повеќе
Нашиот систем за имунитет е како добро истренирана војска. Создаден е така што ќе ги детектира окупаторите во нашето тело, како на пример, вируси и бактерии и ги уништува набрзина уште пред да можат да не разболат.
Прочитај повеќе
Клучна работа за закрепнување од една лоша епизода на болки во грбот и за да одбегнеме повторно појавување на вакви болки е да издржиме соодветна рехабилитација во смисла на вежби за истегнување, зацврстување и аеробик кондиција за грбот и телото. Прочитај повеќе
Ако сте канцелариски работник, можеби болката ќе му ја припишете на неудобниот стол. Ако сте физички работник може да го обвините чеканот или некој друг алат за болките во грбот. Сосема очекувано. Но, ако покрај тоа сте и пушач, може да има и поинакво објаснување за вашите болки. Прочитај повеќе
За пливање не е важна возраста или физичката подготвеност. Тоа е добро за секого кој има доволно волја да спакува костим за капење, пешкир и шампон и да се упати кон најблискиот базен. Прочитај повеќе
Направете го овој краток тест за да откриете колкава е цврстината на ваше тело. За секој тест се потребни неколку минути, а не е потребна дополнителна опрема. Прочитај повеќе
Направете го овој краток тест за да откриете колку сте еластични. За секој тест се потребни неколку минути, а не е потребна дополнителна опрема. Прочитај повеќе
Хроничните болки имаат емотивно-психолошки ефекти како што се депресија, бес, вознемиреност и страв од повторна повреда. Прочитај повеќе
Долгите патувања, автомобилите кои не се соодветни за нас, стресот, расправиите на децата и ѕвонењето на мобилниот телефон се дел од причините за уморот и болката кои ги чувствуваме. Прочитај повеќе
Ви даваме неколку совети за вежбање додека ги правите вашите секојдневни обврски - не ви треба екстра време, а ќе ја почувствувате разликата. Прочитај повеќе
Совети како да извлечете најмногу полза од вашето време за одмор Прочитај повеќе
Родителите на мали деца многу често се во критична состојба за настанување на болки во пределот на грбот и половината. Прочитај повеќе
Прашања и Одговори
Томаж Попит работи како физиотерапевт подолго од 10 години. За ова време, патувал низ целиот свет како придружник на многу спортисти и присуствувал на многу Светски првенства и Олимписки игри (во 1992 и 1994 со словенечкиот биатлон тим, а во 1998 и 2002 со словенечкиот машки скијачки тим). Во последните години, започнува со проучување на масажната терапија, која станува неизбежна во професионалниот спорт. Прочитај повеќе
Правилното седење е многу важно за нашето здравје, бидејќи седењето на столче со часови може дефинитивно да предизвика болки во половината или да ги влоши постојните проблеми со грбот и вратот Прочитај повеќе
Што е Клуб 5*? Прочитај повеќе
|
|
Совети и превентива
Цена: 3.990,00 Ден.
Совети и превентива
Цена: 990,00 Ден.
Совети и превентива
Цена: 1.490,00 Ден.
Совети и превентива
Цена: 890,00 Ден.
Совети и превентива
Цена: 1.290,00 Ден.
Совети и превентива
Цена: 3.790,00 Ден.
Совети и превентива
Цена: 1.890,00 Ден.
Совети и превентива
Цена: 4.170,00 Ден.
Совети и превентива
Цена: 1.690,00 Ден.
Совети и превентива
Цена: 2.490,00 Ден.
|
 |
|