
Некои од најчестите проблеми со стапалата
1. Болка во глуждот – изместување и шинување
Шинувањата на глуждот се многу чести и се појавуваат кога стапалото е притиснато во неприродна позиција. Најчесто се случува при спортски и други активности. Истегнатиот глужд е чувствителен на допир и е помодрен и отечен. Во такви ситуации препорачливо е да се посети доктор кој најдобро ќе оцени што да се прави понатаму.
Лекување:
- Многу одмор за стапалото
- Ладни облоги за да се намали отокот
- Еластична преврска
- Подигнете го стапалото колку што е можно повеќе
2. Болка во петата
Болката обично почнува без никаква претходна повреда и се чувствува под петата, додека стоите или одите. Причината е воспаление на ткивото поврзано со петната коска. Најчести причини за овој проблем се:
- Чевли кои не одговараат
- Преголема тежина
- Болест на зглобовите
- Ревматски артритис
Најдобро решение за ова се посебни влошки за чевли. Исто така, може да се обидете со ладни облоги, масажа на стапалата, истегнување на стапалото, влошки со перниче.
3. Атлетско стапало
Станува збор за габична инфекција на кожата. Симптомите вклучуваат чешање и пецкање на стапалата. Кожата се лупи, а во некои случаи може да се појави и распукување, болка или крвавење.
Препорачливо лечење:
- Мијте ги стапалата најмалку еднаш во денот со сапун и топла вода
- Носете волнени или памучни чорапи
- Избирајте удобни чевли од природни материјали - кожа
- Дозволете им на стапалата да дишат во текот на денот
- Носете отворени обувки секогаш кога е можно
4. Тврди плускавци и набиеници
Предизвикани се од притисокот врз кожата на стапалата. Може да се појават кога чевлите притискаат на коските, и тоа на двете страни на стапалата , на големиот, или на малиот прст, како и на врвовите на прстите.
Лекување:
- Носете широки кај прстите, ниски чевли
- Мачкајте ги стапалата со крем секој ден
- Користете облоги за погодените делови
5. Плускавици (меури) на стапалата
Неудобните, тесни чевли и чорапи предизвикуваат плускавци. Најчесто се погодени активни луѓе, коишто се занимаваат со некаков спорт. Плускавецот е меур исполнет со вода на горниот слој на кожата. Лесно може да се заштитите доколку:
- Бројот на чевлите ви е соодветен
- Не носите влажни чевли или чорапи
- Болните места ги прекриете со облоги
- Носите два пара чорапи, за да се ублажи триењето на стапалото
6. Брадавици
Брадавиците се израстоци, кои се предизвикани од вируси. Тие можат да бидат болни, и доколку не се третираат, се прошируваат. Се лечат со салицилна киселина, инјекции, течен азот или во многу тешки случаи се отстрануваат оперативно.
7. Невром
Болка предизвикана од воспаление на малите нерви на стапалото. Настанува заради претесни чевли. Лекувањето најчесто опфаќа носење широки, удобни чевли, или земање лекарства за намалување на отокот околу нервите. Често пати помага и носењето на влошки за стапала. Во тешки случаеви се пристапува кон операција за отстранување на нервите.
Претставивме само дел од проблемите кои што најчесто може да ги имате со стапалата, како и дел од начините на кои може да се санираат. Основната препорака е, да се грижите за стапалата и да носите соодветни обувки. Ако сте спортист, или ако поголемиот дел од работата ја извршувате стоејќи, тогаш мора да обрнете поголемо внимание, затоа што вашите стапала се изложени на поголем ризик.