| Проблеми со грбот кај децата |
![]() Во денешно време и децата се подложни на проблеми со грбот, слично како и возрасните. Доволно е да погледнете една група деца кои одат кон училиште и ќе ви стане јасно зошто: огромните, тешки ранци на нивните рамена се главниот извор на проблемите. Други причини за грижи се и неправилното држење на телото додека седат во училишните клупи, седењето пред компјутер или играњето видео игри. РанциТежината на ранците и сличните торби, како и дистрибуцијата на тежината врз грбот можат да играат значајна улога за оштетување на мускулите на грбот. Независно дали се работи за книги, музички инструмент, или спортска опрема, товарот влијае за нарушување на природната форма на `рбетот ако не се носи правилно. Повредите на грбот на децата можат да влијаат врз нивното здравје, растот и вкупната физичка состојба. Проблемите со грбот кои не се откриени навремено, можат да напреднат во подоцнежните години. Совети за избор на ранецПрво и многу важно нешто на кое треба да внимавате (и да му укажете на вашето дете да внимава) е тоа што самиот ранец може да биде премногу голем и претежок. Прашајте го повремено вашето дете дали ранецот му е тежок и му причинува проблеми, но и обидете се да увидите некакви знаци на тегоби и напрегање, во случај вашето дете да се прави „силно и цврсто“. Ако постои некаков проблем, вашиот лекар може да ви помогне да го пронајдете соодветниот третман. За да го зачувате здравјето на `рбетот на вашето дете, внимавајте на следните нешта кога купувате ранец:
Советувајте го детето секојдневно да ги носи само неопходните нешта од училиште во домот. Ранецот не треба да биде плакар! Повременото средување, празнење и повторно редење на ранецот исто така ќе ви помогне. Видео игри, компјутери и држење на телотоМногу деца, со современиот начин на живот, поминуваат неверојатно многу време пред компјутерот или телевизорот. Со просечно поминати 8 часа дневно пред екран, децата се на ризик за настанување на многу проблеми, вклучително:
Лошото држење на телото е неизбежен момент додека децата играат игри или работат домашна пред компјутер. Погрижете се вашето дете да има добро столче кое ќе му одговара соодветно. Но, исто така, проверете дали вашето дете седи удобно со правилна положба на телото. Правилното држење на телото значи:
Учете ги своите деца за правилното држење на телото (при седење, но и при одење, стоење итн.) уште од најраните години. Помогнете им да станат свесни за тоа како седат, дури и кога вие не сте покрај нив. Правилното седење на училиште, но и при пишувањето на домашните задачи, на вашите деца ќе им овозможи долгорочни придобивки за нивното здравје, но и спречување на потенцијални повреди и заболувања. |










.gif)

.gif)

























