`Рбетот ќе ви
биде благодарен!

Јавете се

02 3094 551
  • Вашата кошничка е празна
X

Космодиск е-магазин

Ве молиме внесете ја вашата e-mail адреса за да добивате месечно бесплатен Космодиск е-магазин.
Прати
„Правилото на вратот“
„Правилото на вратот“

Вратот ќе ви каже дали сте премногу болни за вежбање

Ако сте како најголемиот број луѓе, кога ќе започнете да кивате и да кашлате, сигурно ќе ја прекинете вообичаената рутина на вежбање, затоа што не сакате дополнително да си го загрозите здравјето. Но, оние кои што се одлучуваат да продолжат, иако не се чувствуваат најдобро, веројатно знаат нешто повеќе.

Експертите велат дека вежбањето во периодите кога се борите со инфекциите, може да биде корисно за организмот и побрзото опоравување. Во просек, тие што редовно вежбаат, двапати помалку се разболуваат од останатите луѓе; но сепак, постои момент кога и оние што се најрешителни мора да направат пауза. За да бидете сигурни дека се наоѓате во таква состојба, треба да го следите „Правилото на вратот“.

Правилото на вратот вели дека ако симптомите ги чувствувате единствено над вратот (затнат нос, воспалено грло, главоболка итн.), тогаш имате настинка и безбедно е да се продолжи секојдневната рутина.

Од друга страна, доколку покрај тие симптоми имате покачена телесна температура, треска, проблеми со белите дробови, малаксаност, болки низ целото тело, тоа може да укажува на грип, што пак значи дека е дојдено време за мала пауза. Вежбањето со треска е опасно, затоа што физичката активност може да ја забрза дехидрацијата, покрај останатите ризици.

Нормално, правилото на вратот не е 100% сигурно, па затоа бара и претпазливост. Симптомите може да не се до крај проширени, па дури и да се одлучите да продолжите со вежбањето, најумно е тоа да го правите половина од времето на вообичаено вежбање и со двапати смален интензитет.

Вежбањето кога сте болни бара дополнителна претпазливост. Ако се работи за настинка и се раздвижите, речиси веднаш ќе се почувствувате подобро. Но, доколку се работи за нешто посериозно, тогаш напорното вежбање може дополнително да го истошти имунолошкиот систем, па времето на боледување дополнително да се зголеми.

Исто така, кога вежбате, секогаш е важно да пиете многу течности, но кога сте болни, ова е особено важно. Дури и кога вежбате со смален интензитет, бидете сигурни дека ќе внесете барем 50% повеќе течности во себе.

Здрав врат и рамена

Како да се справите со вкочанет врат без лекарства


Сигурно ви се случило да се разбудите со вкочанет врат и потоа во текот на целиот ден да се мачите со движењето на главата. За оваа состојба виновни можат да бидат повеќе фактори, но што да направите откако ќе се соочите со неа, а да не посегнете по лекарства?

Прочитај повеќе


10 совети за здрав врат и здрави рамена


Дали секојдневното работење пред компјутер започнува да ви предизвикува болки во вратот и рамената? Тогаш, можеби е време да направите промени во навиките. Следете ги овие едноставни совети, за да дојдете до поздрав врати и поздрави рамена.

Прочитај повеќе


Стрес на работа: Вистинска болка во вратот


Повеќе од 40% од луѓето чувствуваат болка во вратот најмалку еднаш годишно. Многу нешта може да предизвикаат болка во вратот, вклучувајќи ја и социјалната работна средина и индивидуалните психолошки фактори.

Прочитај повеќе


Со Акупресура против вкочанет врат


Вкочанетоста во вратот е честа појава, особено кај луѓе кои цел ден седат пред компјутер, а може да биде последица и од секојдневниот стрес на работното место и во домот.

Прочитај повеќе


Како да избегнете вкочанување на вратот додека спиете


Будењето со вкочанет врат е чест проблем. За да го надминете проблемот, треба да ги надминете потенцијалните причинители. Болката надоаѓа толку постепено во текот на ноќта што не сте ни свесни за неа сè до утрото.

Прочитај повеќе


Причини за појава на болки во вратот


Болките во вратот се еден од најчестите здравствени проблеми. Приближно 2 од 3 луѓе се соочуваат со ваквата болка во некој дел од животот. Причините за болката можат да бидат најразлични, но за среќа, постои и начин за справување со неа.

Прочитај повеќе


Болки во вратот кај децата, причини и третмани


Децата по природа се немирни суштества кои често се удираат и се повредуваат во текот на нивните игри. Иако најчесто сето тоа поминува речиси веднаш, понекогаш се случува да се пожалат на болки во вратот, а тогаш е многу важно да знаете да распознаете истегнување кое настанало од играње, од нешто посериозно.

Прочитај повеќе


Вкочанети врат и рамена?


Вкочанетоста во вратот и рамената може да ја чувствува секој, а ние ви предлагаме начини како да си помогнете.

Прочитај повеќе


Подарок вага
Препорачани производи
КОСМОДИСК ЛАЈФ Перница Контур

Цена: 1.690,00 Ден.

Нарачајте!
КОСМОДИСК ПРЕСТИЖ Автомобилска апликација

Цена: 3.990,00 Ден.

Нарачајте!
Физиотерапевтско перниче за масажа
Цена: 1.290,00 Ден.
Нарачајте!
КОСМОДИСК КЛАСИК Помагало за `рбет

Цена: 3.790,00 Ден.

Нарачајте!

© 2007, Студио Модерна д.о.о.е.л. | Контактирајте нè | За нас | KOSMODISK International

Произведен во Словенија, ЕУ од Studio Moderna d.o.o. Podvine 36, 1410 Zagorje ob Savi, Slovenia


Студио Модерна дооел, Иван Милутиновиќ бб, 1000 Скопје, Тел. 02/ 3094 551

ЗАТВОРЕТЕ X