| Правилен избор на градник |
![]() Лекарите велат дека жените немаат претстава колку е важен изборот на соодветен градник и дека тоа може да доведе до непотребни проблеми и болки во грбот. Жените мислат дека ја избрале точната величина, гледајќи според бројот на корпата, меѓутоа најчесто сите ја прават истата грешка, независно од величината. Затоа, како последица се јавува одреден притисок, или тапа болка во грбот. Ова е нешто што може лесно да се реши со правилен избор на градник. При купувањето на градник, не треба да се очекува дека прерамките ќе ги држат градите. Најважна е жицата под корпата. Потпората треба да доаѓа од долу и, ако сакате да спречите болки во грбот, внимавајте на долната еластична лента која се закопчува на грбот. Сите еластични ленти не треба да се премногу затегнати (а да се наоѓаат на своето место), но не и премногу лабави. Ако се чувствувате подобро откако ќе го извадите градникот и ќе легнете; Ако откако ќе го извадите градникот рамената ви се исправени, а не навалени на една страна како додека го носите градникот, тогаш тоа е знак дека главната потпора ви доаѓа од прерамките, а не би требало да биде така. |










.gif)

.gif)

























