| До помалку болки во грбот во зима со повеќе витамин Д |
![]() Не е воопшто чудно што огромен број луѓе чувствуваат дополнителни болки во грбот, во текот на зимските месеци – ова се должи на фактот што најчесто тие не добиваат доволна количина витамин Д во овој период. Телото создава витамин Д искористувајќи ја ултравиолетовата светлина од сонцето. Во месеците кога ретко го здогледуваме сонцето, очекувано е да се јави недостиг од овој витамин. Според една студија спроведена во САД, пациентите кои страдале од хронични болки во грбот имале едно нешто заедничко – речиси сите имале недостиг од витамин Д. На оние на кои им бил обезбеден додаток на исхраната со витамин Д, болката или сосема им исчезнала или пак значително им се намалила. Витаминот Д е клучен за апсорпцијата на калциум и здравјето на коските. Меѓу другото, недоволната количина витамин Д може да разултира со омекнување на површината на коските, што предизвикува болка. Ова најчесто се случува во пределот на половината. Сегашната препорачана дневна доза на витамин Д, која изнесува до 600 интернационални единици, е застарена и премногу ниска. Според најновите истражувања, најголем дел од децата и возрасните имаат потреба од 1.000, а лицата со хронични болки во грбот можат да имаат корист и од 2.000 интернационални единици дневно. Додатоците на исхрана со витамин Д се безбедни, освен ако се земаат огромни дози, како на пример 10.000 интернационални единици дневно, подолг период. Но, за да бидете сигурни, пред да започнете да земате вакви додатоци, пожелно е да се консултирате со матичниот лекар кој има најдобар увид во вашето здравје. |










.gif)

.gif)

























