| Машките чанти предизвикуваат проблеми со грбот |
![]() Научниците пресметале дека во денешно време, просечната машка чанта тежи нешто над 6 килограми и значително придонесува за појавата на болки во грбот кај оние кои редовно ја носат. Од пред неколку години, машките чанти за на рамо речиси во целост ги заменија старите чанти со рачка и актовките. Во претходната година процентот на продажба значително се зголемил откако ѕвездите ги додадоа како важен детал на метросексуалноста. Но, еден просечен деловен маж со себе носи толку многу електронски уреди што тежината на овие чанти започнува да претставува здравствен ризик. Имено, и покрај фактот што прерамката е обложена со меко перниче, постојаниот притисок на едно исто место создава опасност од појава на болки во грбот. Во едно истражување било откриено дека секој петти сопственик на машка чанта во неа секојдневно го носи својот лаптоп или таблет компјутер, секој трет со себе ја носи книгата што ја чита во моментот, а секој втор внатре го чува и мобилниот телефон. Кога сѐ ќе се собере, на рамото се носат преку 6 килограми товар, поточно 6,2. Машките чанти се многу корисни, но доколку не се користат правилно, можат да Ви создадат многу проблеми со болки во грбот и рамената. Доколку во подолг период се користи на начин кој предизвикува болки, може да има влијание врз држењето на телото, па дури и да доведе до подгрбавување. Британските доктори препорачуваат прерамката да се намести на најкусата удобна должина и во редовни интервали да се менува рамото на кое се носи. Нормално, товарот што го носите во чантата треба да биде сведен на минимум. |











.jpg)

.jpg)








.jpg)

















