| Масажер за релаксирање на стапала | |
![]() Вистинско олеснување за вашите уморни стапала! Два вибрирачки мотора ги освежуваат вашите прсти, стапала и пети и ја зголемуваат циркулацијата. Многу често не водиме грижа за нашите тела и се изложуваме на постојани напори. Нашите нозе и стапала често се игнорирани и малите болки и неудобности често поминуваат незабележани. Масажата е наменета за да се ослободите од овој притисок и да ги ревитализирате овие значајни делови од телото. Масажерот за релаксирање на стапала е направен од илјадници микро гранули во еластична најлонска школка. Супер еластичната најлонска обвивка може да се развлече повеќе од два пати од нејзината големина и потоа повторно да се врати во нејзината оригинална форма. Материјалот ги потпира вашите стапала додека два вибрирачки мотора (со 2-брзинска опција) ги освежуваат вашите прсти, стапала и пети. Замислете удобна, релаксирачка масажа на стапалата во вашиот дом, додека читате по вечерата или додека гледате ТВ со КОСМОДИСК ЛАЈФ масажерот за релаксирање на стапала. Димензии: 20 x 38 x 16 см
Масажерот за релаксирање на стапала е наменет само за домашна употреба. За најдобра употреба, поставете го производот на рамна подлога. Ставете ги стапалата (без чевли) на вдлабнатиот дел, вклучете го адаптерот и притиснете на I (бавно) или на II (брзо). Масажерот автоматски се исклучува по 15-минутна употреба. Како и секој електричен производ, не дозволувајте вашиот Масажер за релаксирање на стапала да дојде во контакт со вода. Ако тоа се случи, веднаш исклучете го од штекер. Не го употребувајте вашиот Масажер за релаксирање на стапала во када или под туш. Не го употребувајте на влажен под. Чистете го само со мека, сува крпа. Не го перете и не употребувајте абразивни средства за чистење. БЕЗБЕДНОСНИ ИНФОРМАЦИИ: Секоја личност која што е бремена, има пејсмејкер, страда од дијабетес, плебитис или тромбоза, или е подложна на зголемен ризик од крварење поради скорешни операции треба да се консултира со физиотерапевт пред да користи апарат за масажа во домашни услови.
|
|









Мара и Симо Евчески, Пензионери 