`Рбетот ќе ви
биде благодарен!

Јавете се

02 3094 551
  • Вашата кошничка е празна
X

Космодиск е-магазин

Ве молиме внесете ја вашата e-mail адреса за да добивате месечно бесплатен Космодиск е-магазин.
Прати
Лекување и превенција на повреди на нозете
Лекување и превенција на повреди на нозете

Повредите на нозете настануваат кај сите возрасни групи и од најразлични причини, од случајни падови, па сè до посериозни спортски повреди. Повредите кои се класифицираат како „повреди на долните екстремитети“, најчесто вклучуваат повреди на скочниот зглоб, коленото или долниот дел од ногата.

Кои се ризичните фактори кои доведуваат до повреди на долните екстремитети и што можете да направите во насока на превенција? Најчесто, факторите кои влијаат на појавата на овие повреди се: возраста, конституцијата на телото (телесната тежина), тонусот и јачината на мускулите, историја на претходни повреди, видот и состојбата на обувките, некористењето на стегач или протеза за скочниот зглоб, како и површината на која се трча или практикува одреден спорт.

Сите овие фактори можат позитивно или негативно да влијаат на степенот на повредата на долните екстремитети, кои настануваат за време на спортски активности или трчање. Киропрактичарите се специјалисти кога станува збор за ваквиот вид повреди и поради тоа е апсолутно неопходно да се консултирате веднаш откако ќе дојде до повреда.

Правилната дијагноза и, следствено, соодветниот третман, значително ќе го намалат времето на опоравување, а истовремено ќе ги зацврстат околните мускули.

Како што секој професионалец во оваа област ќе ви каже, иако третманот е добро решение, превенцијата е многу подобро. Ова особено важи доколку активно се занимавате со каква било физичка активност. Со една посета кај киропрактичар можете да добиете персонализирана програма за зајакнување на проблематичните делови, со што ефикасно ќе спречите појава, влошување или дополнително оптоварување на проблематичните делови од нозете.

Здрави нозе и раце

Како правилно да масирате стапала


Во стапалото има 12 различни мускули. Нивната намена е да обезбедат потпора за тежината на целото тело и да обезбедат подвижна платформа за секоја подлога. Масажата на стапалата ќе ви помогне да се релаксирате и ќе ви го подобри крвотокот во нозете.

Прочитај повеќе


Проблеми со стапалата


Повеќето луѓе во одреден период од животот имаат проблеми со стапалата. Проблемите успешно можат да се избегнат со носење соодветни чевли, и преглед кај ортопед.

Прочитај повеќе


Како да ги одржите колената здрави


Колената се веројатно најважните зглобови во вашето тело, а во исто време, тие најбргу се оштетуваат. Со изминувањето на годините, може да почувствувате болки и да имате големи проблеми со нив.

Прочитај повеќе


Грч во нозете


Мускулен грч е ненадејна, неконтролирана контракција на некој мускул, што се чувствува како остра болка. Овој тип на болка е најчест во нозете и најчесто се опишува како грч во ногата.

Прочитај повеќе


Раздвижете ги колковите против болки во грбот


Клучот за спречување на болки во грбот по долготрајно седење е во раздвижувањето на колковите и бутовите.

Прочитај повеќе


Вежби за колено


За пријатно одење неопходна е добра флексибилност на зглобовите и соодветна флексибилност и цврстина на мускулите. Со правилна физичка активност може да ги зајакнеме мускулите покрај зглобовите и да ја зголемиме цврстината и флексибилноста на зглобовите.

Прочитај повеќе


Дознајте повеќе за долните екстремитети


Откријте ги причините за чувството на неудобност во долните екстремитети и начини како тоа да го спречите.

Прочитај повеќе


Подарок вага
Препорачани производи
КОСМОДИСК ПРЕСТИЖ Автомобилска апликација

Цена: 3.990,00 Ден.

Нарачајте!
КОСМОДИСК СУПОРТ Стегач за глужд

Цена: 990,00 Ден.

Нарачајте!
КОСМОДИСК СУПОРТ Стегач за колено

Цена: 1.490,00 Ден.

Нарачајте!
КОСМОДИСК СУПОРТ Стегач за рачен зглоб

Цена: 890,00 Ден.

Нарачајте!
Масажер за релаксирање на стапала
Цена: 1.890,00 Ден.
Нарачајте!
КОСМОДИСК АКТИВ Спортски појас

Цена: 4.170,00 Ден.

Нарачајте!
КОСМОДИСК КЛАСИК Помагало за половина

Цена: 2.490,00 Ден.

Нарачајте!

© 2007, Студио Модерна д.о.о.е.л. | Контактирајте нè | За нас | KOSMODISK International

Произведен во Словенија, ЕУ од Studio Moderna d.o.o. Podvine 36, 1410 Zagorje ob Savi, Slovenia


Студио Модерна дооел, Иван Милутиновиќ бб, 1000 Скопје, Тел. 02/ 3094 551

ЗАТВОРЕТЕ X