|
|
 Луѓето велат: „Одморите се забавни, но патувањето е многу напорно!“. Всушност, патувањето може да придонесе за зголемување на болките во грбот.
Стресот при подготовките, пакувањето, стигнувањето на аеродром на време, чекањето за пријавување и сл., преку психолошкиот стрес влијаат врз грбот.
Тогаш настанува и физичкиот стрес и напори со кревањето на багажот, влечкањето по паркинзи и аеродроми, носејќи ја рачната торба пренатрупана со неопходни предмети и документи.
Но, еден од основните проблеми при патувањето со авион, автобус, воз или со автомобил, кој сите го опишуваат, е болката во половината од долготрајното седење.
За среќа, болките поврзани со патувањето можат да се намалат и во повеќе случаи да се избегнат, со неколку едноставни совети:
• За намалување на стресот кој предизвикува грчеви во мускулите и болки во вратот, рамената и половината, се препорачува да го планирате патувањето навремено, да се спакувате два дена порано, една ноќ порано да го ставите багажот во кола, преку Интернет да ја проверите резервацијата за местото, и да го проверите багажот. Овие на изглед мали работи можат да го намалат стресот и напнатоста од брзање, чекање во редици, и влечкање на багажот. Ако е сè добро испланирано и изведено, болките во грбот поврзани со стресот можат да се избегнат.
• Спакувајте го само багажот кој вие неопходен. Секој член да носи само по еден куфер, плус рачна чанта. Така ќе ја избегнете напнатоста во рамената и вратот, заради носењето на голем товар со вас. Значи, колку полесно, толку подобро.
• Скромниот дизајн на седиштата во повеќето превозни средства предизвикуваат неправилна поддршка на `рбетот и напнување на рамената. За да го избегнете ова, секогаш носете мала перница (на надувување) и сместете ја зад грбот во пределот на половината или вратот за поддршка. Ако немате перница, може да ја свиткате јакната или списанијата, и да ги искористите како потпора за половината. Правилната положба на седење е многу важна за спречување на болки во `рбетот, вратот, рамената и половината.
• Не заборавајте со себе да носите доволно течности додека патувате. Една од основните причини за болка е дехидрацијата. Односно недоволно течности во себе, влијае на одржување на свежината на телото, правилната циркулација, еластичноста на мускулите и тетивите. Не само што треба да пиете големо количество вода, но мора и да избегнувате кафе, чај и газирани сокови затоа што за време на патувањето сите овие ве тераат да се потите, да мокрите... да дехидрирате.
• Ако сте тргнале на долг пат, со воз или авион, обидете се да станувате на еден час да се раздвижите. Едноставно застанете само неколку минути, направите неколку мали движења, свртите се или наведнете се неколку пати, тоа ќе ве држи посвежи, релаксирани и ќе се регулира крвниот проток низ мускулите. Доколку крвта не се движи воопшто или се движи многу бавно, мускулите и тетивите стануваат затегнати и болни!
• Најпосле, внимавајте кога го кревате багажот, ги подигнувате децата, посегнувате по нешто, стапалата да ви бидат рамни на подот и да потклекнете со колената, а не да се свиткувате од половината. Неправилното подигнување на преголеми и тешки предмети е една од најчестите причини за болки во грбот... и една од најлесните за избегнување.
Патувањата не мораат да бидат болни и стресни, како што често ги замислуваме. Ако добро испланираме, и тоа го спроведеме соодветно, притоа грижејќи се за нашето тело додека патуваме... патувањето ќе биде безболно. А што има подобро од пристигнувањето на одмор или на состанок после патувањето, ослободени од стресот, свежи, еластични и... без болки! |
Како што одминува времето, сè повеќе корисници се одлучуваат за преносни компјутери, поради бројните предности на лаптопите. Сепак, користењето на овие уреди може да предизвика одредени здравствени проблеми во рацете – освен ако преземете соодветни мерки на претпазливост. Прочитај повеќе Сите знаеме дека физичката активност е здрава за срцето, но кај многумина постојат објективни причини кои спречуваат посериозно вежбање. За нив, најдобрата опција е редовното пешачење, кое ќе го одржи здравјето на срцето. Прочитајте како да започнете да ја градите ваквата навика. Прочитај повеќе
Кога имате болки во грбот, вратот, рамената или некое друго проблематично место на телото, едно од логичните решенија за намалување на болката е да отидете на масажа. Но, за таа масажа да ги даде посакуваните резултати, вие треба да пронајдете квалификуван и стручен масер, со високи етички норми и сето тоа потврдено со сертификат. Прочитај повеќе
Најпосле сте се решиле да се вратите во форма или да достигнете ново ниво на фитнес. Одлично. Но, не брзајте со почетокот на новата рутина, пред да размислите за можните последици. Прочитај повеќе
Најголем дел од луѓето работат во средини кои од нив бараат да го преседат денот. Но, многу мал дел од луѓето посветуваат внимание на вежбите за половината, со оглед на нискиот процент на луѓе што вежбаат и уште помалиот процент на оние кои се целосно свесни за важноста на вежбањето. Прочитај повеќе
Но, што ако се чувствувате лошо? Дали сте осудени на несреќен, нездрав живот? Секако дека не! Никој постојано не се чувствува добро. Искористете ги овие едноставни начини за подобрување на расположението кога сте нерасположени, а во исто време, подобрете си го и имунитетот. Прочитај повеќе
Спортските повреди главно вклучуваат шинувања на скочните зглобови и грчеви во мускулите. Потребни се само неколку минути за да се спречат вакви и слични повреди. Прочитај повеќе
Кога времето нагло ќе се промени, во ординациите започнуваат да пристигнуваат пациенти во големи групи. Сите тие се жалат на болки кои се чини дека не постоеле минатата недела. Прочитај повеќе
За ефективно да се заштитите од појавата на трајни болки во грбот, потребно е да ги имате предвид сите фактори кои водат до иницијалната појава на болките. Прочитај повеќе
Во есен, со паѓањето на лисјата и честите врнежи од дожд, се зголемува и ризикот од повреди предизвикани од лизгање и паѓање. Прочитај повеќе
Собирањето на лисјата со гребло вклучува повеќе различни активности, како извртување, наведнување, подигање и истегнување, кои ангажираат повеќе мускулни групи. Неправилната употреба на градинарските алати може да доведе до ризик од повреди на коските и мускулите. Прочитај повеќе
Научниците тврдат дека аеробикот има позитивно влијание врз зглобовите заболени од артритис, не само заради тоа што ги зајакнува мускулите на колената. Ваквиот тип на вежби... Прочитај повеќе
Сте биле на диета, сте се мачеле 2-3 месеци да се ослободите од вишокот килограми и што сега? Има 10 златни правила за зачувување на витка линија и по завршувањето на диетата. Прочитај повеќе
Само со мали промени во положбата на спиење може да го отстраните дополнителниот напор врз грбот. Прочитај повеќе
Пензионирањето може да биде воедно освежувачко, но и збунувачко. Одлуките кои ќе ги донесете ќе имаат свои последици до крајот на животот. Но, најважни од сите ќе бидат одлуките донесени во врска со исхраната и фитнесот. Прочитај повеќе
Доколку сакате здрави коски, потребено е поголемо внесување на калциум. Овде можете да дознаете околу состојките кои ви се потребни и оние кои треба да ги избегнувате. Прочитај повеќе
Сега е ваш ред да се погрижите за нив. Конечно можете барем малку да им се оддолжите за нивната грижа. Најмалку што можете да сторите е да им помогнете мирно и без болки да уживаат во своите години, односно во заслужената пензија. Прочитај повеќе
Вежбите со топка ви помагаат да ги зајакнете стомачните мускули, но, исто така, и мускулите кои поретко се активираат, како и да ги подобрите рамнотежата и координацијата. Прочитај повеќе
Пред докторот да постави дијагноза за проблемите со Вашиот ‘рбет и одреди терапија за лекување, потребни се комплетна историја на болеста и лекарски прегледи.
Прочитај повеќе
КОСМОДИСК® годинава го прославува својот 14-ти роденден. КОСМОДИСК® е ефикасно, клинички тестирано помагало, создадено од експерти за да ги намали или отстрани болките во пределот на`рбетот и грбот, а веќе 14 години претставува едноставно решение за поудобен живот и кај нас.
Прочитај повеќе
Добро е да се трудите да го оформите вашето тело, но не е добро да се подгрбавите при тоа. Не мора да изгледате како професионален војник, доволно е да имате исправен ’рбет што ви влева самодоверба и прави да се чувствувате подобро. Причина за ова е фактот дека вашиот физички изглед е директно поврзан со вашите емоции.
Прочитај повеќе
„Без оглед на тоа што ве убедувале кога сте биле деца, не може да настинете само ако се шетате кога е многу ладно,“ вели Кетрин Шенер, педијатар во Американскиот институт за безбедност и здравје. „Напротив, ладното време не ни дава да излегуваме многу често, со што се намалува можноста за пренесување на бактериите од еден на друг.“ Прочитај повеќе
Дали, доколку дневно правите по 100 вежби за нозете, сигурно ќе имате повитки нозе? Дали мускулите се претвораат во масти кога ќе престанете да вежбате? Со оглед на сите информации кои може да ги најдеме во врска со фитнесот и вежбањето, многу е тешко да се оддели она што е факт од она што не е вистина. Прочитај повеќе
Лизгањето и паѓањето се најголем проблем за пешаците во текот на зимата. Сите знаеме како тоа изгледа: се шеташ, уживаш во белината и во чистиот воздух, размислуваш за секојдневни работи и одеднаш, додека да трепнеш, веќе си на земја свиткан од болка. Прочитај повеќе
Се чувствувате како крпа на закачалка? Најверојатно, сте премногу под стрес, уморни, или пак, на вас влијае зимската депресија заради скратената сончева светлина. Сега е вистинското време да размислите каде е вашата енергија. Прочитај повеќе
Нашиот систем за имунитет е како добро истренирана војска. Создаден е така што ќе ги детектира окупаторите во нашето тело, како на пример, вируси и бактерии и ги уништува набрзина уште пред да можат да не разболат.
Прочитај повеќе
Клучна работа за закрепнување од една лоша епизода на болки во грбот и за да одбегнеме повторно појавување на вакви болки е да издржиме соодветна рехабилитација во смисла на вежби за истегнување, зацврстување и аеробик кондиција за грбот и телото. Прочитај повеќе
Ако сте канцелариски работник, можеби болката ќе му ја припишете на неудобниот стол. Ако сте физички работник може да го обвините чеканот или некој друг алат за болките во грбот. Сосема очекувано. Но, ако покрај тоа сте и пушач, може да има и поинакво објаснување за вашите болки. Прочитај повеќе
За пливање не е важна возраста или физичката подготвеност. Тоа е добро за секого кој има доволно волја да спакува костим за капење, пешкир и шампон и да се упати кон најблискиот базен. Прочитај повеќе
Направете го овој краток тест за да откриете колкава е цврстината на ваше тело. За секој тест се потребни неколку минути, а не е потребна дополнителна опрема. Прочитај повеќе
Направете го овој краток тест за да откриете колку сте еластични. За секој тест се потребни неколку минути, а не е потребна дополнителна опрема. Прочитај повеќе
Хроничните болки имаат емотивно-психолошки ефекти како што се депресија, бес, вознемиреност и страв од повторна повреда. Прочитај повеќе
Долгите патувања, автомобилите кои не се соодветни за нас, стресот, расправиите на децата и ѕвонењето на мобилниот телефон се дел од причините за уморот и болката кои ги чувствуваме. Прочитај повеќе
Ви даваме неколку совети за вежбање додека ги правите вашите секојдневни обврски - не ви треба екстра време, а ќе ја почувствувате разликата. Прочитај повеќе
Совети како да извлечете најмногу полза од вашето време за одмор Прочитај повеќе
Родителите на мали деца многу често се во критична состојба за настанување на болки во пределот на грбот и половината. Прочитај повеќе
Прашања и Одговори
Томаж Попит работи како физиотерапевт подолго од 10 години. За ова време, патувал низ целиот свет како придружник на многу спортисти и присуствувал на многу Светски првенства и Олимписки игри (во 1992 и 1994 со словенечкиот биатлон тим, а во 1998 и 2002 со словенечкиот машки скијачки тим). Во последните години, започнува со проучување на масажната терапија, која станува неизбежна во професионалниот спорт. Прочитај повеќе
Правилното седење е многу важно за нашето здравје, бидејќи седењето на столче со часови може дефинитивно да предизвика болки во половината или да ги влоши постојните проблеми со грбот и вратот Прочитај повеќе
Што е Клуб 5*? Прочитај повеќе
|
|
Совети и превентива
Цена: 3.990,00 Ден.
Совети и превентива
Цена: 990,00 Ден.
Совети и превентива
Цена: 1.490,00 Ден.
Совети и превентива
Цена: 890,00 Ден.
Совети и превентива
Цена: 1.290,00 Ден.
Совети и превентива
Цена: 3.790,00 Ден.
Совети и превентива
Цена: 1.890,00 Ден.
Совети и превентива
Цена: 4.170,00 Ден.
Совети и превентива
Цена: 1.690,00 Ден.
Совети и превентива
Цена: 2.490,00 Ден.
|
 |
|