`Рбетот ќе ви
биде благодарен!

Јавете се

02 3094 551
  • Вашата кошничка е празна
X

Космодиск е-магазин

Ве молиме внесете ја вашата e-mail адреса за да добивате месечно бесплатен Космодиск е-магазин.
Прати
Хоби - Грнчарство
Хоби - Грнчарство

Грнчарството е нераскинлив дел од традицијата на сите народи. Керамички парчиња се пронаѓаат во секој археолошки локалитет и секогаш се директен показател за уметничкиот израз на некое време.

Денес, грнчарството е едно одлично хоби и шанса за покажување на креативноста.

Првиот чекор што е потребен за грнчарството да Ви прерасне во хоби е да набавите глина или глинамол. Афинитетите за креација набргу ќе испливаат на површина и ќе започнете да ги обликувате аморфните парчиња во нешто што ќе ја отслика Вашата уметничка страна.

Постојат повеќе начини на обработка на глината, но во секој од нив, во некоја точка од обработката мора да ги употребите рацете. За почетниците се препорачува методот на целосна рачна обработка кој е најбавен, но исто така овозможува и најголема контрола на обработката.

Не заборавајте крај себе секогаш да имате вода за израмнување на нерамните делови и навлажнување на глината што ќе се исуши.

Пред да започнете со обликување на глината треба да знаете дека мора да се направи истиснување на меурчињата воздух заробени во глината. Тоа можете да го направите со специјална вакуум машина или пак преку гмечење на глината.

Откако навлажнетата глина ќе ја обликувате во посакуваната форма, треба да ја оставите да се исуши. Потоа можете да пристапите кон орнаментација. Глинените форми може да се декорираат на речиси безброј начини - со релјефни декорации, додатоци, боење и сл, а тука повторно на сцена стапува Вашата креативност.

На крајот, декорацијата и целото глнинено дело се заштитува со глазура или со енамел, по што изработеното дело треба да се испече, за трајно да ја задржи формата и да стане отпорно на вода. Сепак, прочитајте во упатството што е најдобро, ако употребувате од глинени материјали купени во маркетите.

Којзнае, можеби започнувајќи го ова хоби ќе откриете дека имате талент за грнчарство. Потоа, откако ќе воспоставите контакти со други луѓе што се занимаваат со истата активност, можеби дури и да учествувате на изложби и да започнете со продавање на делата.

Со среќа и добра забава!

Хоби

Хоби за парови – сложувалки


Едно од најважните нешта што ги зближува паровите уште повеќе е заедничка активност што ги релаксира двајцата партнери. Доколку сè уште не сте пронашле таква активност, ви препорачуваме редење сложувалки.

Прочитај повеќе


Хоби – Изработка на свеќи


Правењето сопствени свеќи може да биде многу забавно, а рачно изработените свеќи, исто така се и одлични подароци. Ако посериозно сакате да се зафатите со ова хоби, постојат прирачни книги во кои детално се опишани видовите восок што се користат, алатот кој е потребен, процесот на изработка, итн.

Прочитај повеќе


Хоби - собирање антиквитети


Ако сè уште сте во потрага по хоби, можеби треба да размислите за собирање антиквитети. Ова хоби е особено погодно за луѓето што се вљубени во историјата, а привлечноста уште толку се зголемува поради потенцијалот за финансиска добивка.

Прочитај повеќе


Хоби - Филателија


Филателијата (собирање поштенски марки) е едно од најстарите и најпочитуваните хобија во светот. Марките имаат пред сѐ историска важност, затоа што секоја марка раскажува приказна за времето во кое е создадена и за луѓето што ја создале.

Прочитај повеќе


Хоби - Друштвени игри на табла


Друштвените игри на табла се многу позабавно, покреативно решение и одличен начин да се забавувате со семејството и пријателите. Тие не се наменети само за децата, туку постојат и многу квалитетни игри за тинејџери и возрасни.

Прочитај повеќе


Хоби - Прекривки од парчиња


Изработката на прекривки/јоргани од парчиња ткаенини не само што е хоби кое многу релаксира, туку може и да ја развие вашата креативност.

Прочитај повеќе


Хоби - Изработка на накит


Дизајнирањето и изработката на ваш накит е полесно од што мислите. Сите големи имиња во изработката на накит започнале со тоа како хоби, преку експериментирање со сопствениот дизајн.

Прочитај повеќе


Хоби – Моделарство


Ако сè уште сте во потрага по хоби за себе, тогаш ви препорачуваме да се одлучите за активност што ќе ве опушти, ќе ве смири и во голема мера ќе ви го подобри трпението. Секако, моделарството е за нијанса поскапо хоби, но придобивките секако ќе ја оправдаат инвестицијата.

Прочитај повеќе


Хоби – Нумизматика


Нумизматиката уште ја нарекуваат и „Кралско хоби“. Се работи за хоби кое ќе ви донесе задоволство и нуди многу за секого. Без разлика дали сте заинтересирани за собирање модерни, антички или средновековни монети, банкноти или пак медали, овие едноставни совети ќе ви помогнат да започнете.

Прочитај повеќе


Подарок вага
Препорачани производи
КОСМОДИСК АКТИВ Спортски појас

Цена: 4.170,00 Ден.

Нарачајте!
КОСМОДИСК КЛАСИК Помагало за половина

Цена: 2.490,00 Ден.

Нарачајте!
КОСМОДИСК ЛАЈФ Перница Контур

Цена: 1.690,00 Ден.

Нарачајте!
КОСМОДИСК ЛАЈФ Перниче за колена

Цена: 990,00 Ден.

Нарачајте!
КОСМОДИСК ПРЕСТИЖ Автомобилска апликација

Цена: 3.990,00 Ден.

Нарачајте!

© 2007, Студио Модерна д.о.о.е.л. | Контактирајте нè | За нас | KOSMODISK International

Произведен во Словенија, ЕУ од Studio Moderna d.o.o. Podvine 36, 1410 Zagorje ob Savi, Slovenia


Студио Модерна дооел, Иван Милутиновиќ бб, 1000 Скопје, Тел. 02/ 3094 551

ЗАТВОРЕТЕ X