| Болките во грбот во есенските денови |
![]() Што би можело да биде попријатно во овој период од годината од тоа убаво да се облечете и да уживате во прошетката помеѓу дрвјата со пожолтени лисја? Но, додека природата се подготвува за зимскиот сон, за многумина од нас, магливите утра и студените вечери значат само едно нешто – враќање на болките во мускулите, зглобовите и грбот. Зошто есента е толку непријатна за луѓето кои страдаат од болки во грбот и артритис? Есента најчесто е периодот од годината кога одново се враќаат проблемите поврзани со болките во грбот и артритис. Во ова годишно време пациентите ги полнат ординациите. Секако, тие бараат олеснување на болката, но грижите не престануваат тука. Штом моменталната болка ќе биде отстранета, се поставува прашањето за превентивните мерки и обидот да се спречи повторното појавување на овие болки. Во оваа област, знаењето може да биде од голема корист. Есента со себе носи студени и влажни денови и ноќи. Оваа климатска промена може значително да влијае на нашите зглобови. Тие се одржуваат здрави преку подмачкување со специјалното масло кое го нарекуваме синовијална течност. Исто како маслото во Вашиот мотор, синовијалната течност најдобро функционира кога е топла и раздвижена. Замислете си дека доцните на работа во студено и влажно утро. Влегувате на брзина во автомобилот, го палите моторот и тргнувате со полна гас. Што се случува следно? Погодувате – моторот веројатно моторот ќе започне да се тресе и ќе изгасне. Сите сме свесни дека грешката во случајов е обидот да се вози сосема ладниот автомобил. При идеални услови би оставиле доволно време моторот да се загрее пред да започнеме со возење. Истиот принцип важи и за мускулите и зглобовите во телото. Луѓето кои страдаат од закоченост на зглобовите и болки во грбот, обично се чувствуваат подобро наутро откако ќе поминат некое време во раздвижување. Неактивноста и ладните мускули нè прави поподложни на повреди, па со оглед на подолгите вечери кои најчесто ги минуваме седнати пред телевизор, есента е време кога треба да преземеме дополнителни мерки на претпазливост за да не се самоповредиме. Што треба да правите:
Секогаш кога се сомневате, побарајте совет од лекар. Советите содржани во оваа статија се наменети за општо информирање. Ако имате здравствен проблем треба да побарате помош од квалификувано медицинско лице. |










.gif)

.gif)

























