| Причини за појава на болки во вратот |
![]() Болките во вратот се еден од најчестите здравствени проблеми. Приближно 2 од 3 луѓе се соочуваат со ваквата болка во некој дел од животот. Причините за болката можат да бидат најразлични, но за среќа, постои и начин за справување со неа. Неспецифична болка Ова е најчестиот вид. Таа уште се нарекува и „едноставна“ или „механичка“ болка. Најчесто точната причина за појава останува непозната. Може да се работи за истегнување на мускулите или лигаментите, но можно е да се должи и на лошиот телесен став или пак целодневното седење зад биро на продолжени периоди. Ненадеен удар Најчесто при сообраќајни несреќи доаѓа до нагли движења на вратот, што потоа предизвикува долготрајни болки. Вкочанет врат При оваа состојба, главата се вкочанува на едната страна и движењето во другата насока станува болно. Точната причина за оваа состојба не е позната, но се претпоставува дека најчесто се работи за помали истегнувања на мускули или лигаменти во вратот, а во огромен дел од случаите, тоа се должи на лошото спиење, т.е. несоодветната перница. Дегенерација на коските во ’рбетот При трошењето на коските и „дисковите“ помеѓу пршлените, многу често предизвикуваат акутни болки во вратот, особено кај постарите луѓе. Притиснат нерв Кога нервот е притиснат (или оштетен) на местото каде што од ’рбетниот столб влегува во вратот, тоа создава огромни болки во вратот, но и отрпнување, боцкање и слабост во деловите од раката кои се поврзани со тој нерв. Посериозни (и поретки) причини Тука се вбројуваат: ревматски артритис, заболувања на коските, инфекции, рак и сериозно повреди на ’рбетниот столб. Третман Најдобриот начин да се излечи болката во грбот, без разлика на нејзиното потекло е превентивата. А, не постои подобра превентива отколку редовното вежбање, т.е. раздвижување. Најмалку што можете да направите е да го придвижите вратот во сите насоки, на секои неколку часа. Доколку болката се појави, тогаш мора да се консултирате со медицинско лице, кое ќе ви препише соодветни лекови за терапија. Исто така, може да помогне консултацијата со физиотерапевт, по што ќе направите мали промени во животниот стил (подобро држење на телото, потврда перница, редовна физиотерапија), кои ќе ви помогнат засекогаш да се збогувате со болките во вратот. |






.jpg)









