| Болки во грбот - комплементарни и алтернативни терапии |
![]() Дали некогаш сте искусиле непријатни болки во грбот? Тогаш сигурно не сте сами. Приближно 8 од 10 луѓе страдаат од акутни или хронични болки во грбот во некој дел од нивниот живот. Акутните болки доаѓаат ненадејно, но исто така и сами од себе исчезнуваат по одреден период, без разлика дали ќе примате терапија или не. Хроничните болки пак се далеку посложени и се јавуваат многу често, во најнезгодни моменти, при извршување на некоја секојдневна задача. Каква терапија треба да побарате кога ќе се соочите со болки во грбот? Физикална терапија Ако изберете правилна физикална терапија, таа многу лесно може да се справи со хроничните болки во грбот. Физиотерапевтот може да се послужи со апарати, да ви направи режим на вежби за правилно истегнување или пак да премине на подместување на грбот со раце. Според експертите, најефикасната физикална терапија, кога станува збор за хронични болки во грбот е масажата на мекото ткиво, со која физиотерапевтите го подместуваат ткивото околу ’рбетот и со тоа го олеснуваат притисокот на нервите. Заедно со оваа терапија, мора да постои и едукација за правилниот телесен став и вежбите што треба да се изведуваат во домашни услови. ’Рбетна манипулација Киропрактичарите ги користат рацете, но и апарати, за да направат манипулација на зглобовите, а особено на ’рбетот, со цел олеснување на акутните и хроничните болки. Тие, како и физиотерапевтите, можат да бидат многу корисни не само при справување со моменталната болка, туку и за едукација, со цел понатамошна превенција и спречување на повторната појава на болки. Акупунктура Овој кинески метод се смета за многу безбеден и експертите го препорачуваат за справување со болките во грбот. При акупунктура, со игли се влијае на специфични точки од телото, за да се воспостави баланс на протокот на енергија. Терапевтска масажа Постојат одредени наоди дека масажите можат да помогнат за олеснување на болките во долниот дел од грбот. Иако експертите не ги препорачуваат како третман сами по себе, во комбинација со останатите терапии можат да бидат многу делотворни. Алтернативни терапии Терапиите кои дејстуваат на умот за да ја олеснат телесната болка можат да бидат многу ефикасни. Во нив спаѓаат: хипноза, биофидбек, терапија за релаксација, говорна терапија итн. |











.jpg)

.jpg)








.jpg)

















