| Болки во грбот при Грип |
![]() Грипот е многу пренослива болест на респираторниот систем која секоја година ја добива околу 20% од населението. Многу од оние кои се заразиле од Грип чувствуваат и болки во грбот, најчесто во делот на половината. Овие болки може да се манифестираат како благо пулсирачки, до силни болки и чувствителност на допир. Болките во грбот предизвикани од Грип обично траат за целиот период на болеста, со тоа што нивните симптоми се ублажуваат како што се намалуваат и другите симптоми на болеста. Зошто вирусот на Грип понекогаш предизвикува болки во грбот? Одговорот не може лесно да се дефинира, бидејќи болките во грбот не се од типичните симптоми на Грипот – најчесто луѓето се жалат на симптоми како долготрајна треска, болки во главата и телото, замор, болки во очите, сува кашлица, растечен нос и болки во грлото. Иако болките во грбот можат да бидат природна последица на другите болки предизвикани од грипот, понекогаш тие болки се толку силни што делуваат невообичаени. Но, не е така. Силни болки во грбот за време на Грип, како и силни болки во рацете и нозете, се прилично нормална последица и се предизвикани од високите нивоа на материите цитокини, како и хемокини, кои се испуштаат од клетките зафатени од Грип. Вирусот на Грип предизвикува оштетувања на ткивото така што ги напаѓа нервните завршетоци, што е главен извор на болки, дури и многу силни болки. Во секој случај, ако сте се заразиле од Грип и имате слични последици, почекајте да поминат неколку дена додека се опоравите од самиот Грип, па ако болките во грбот продолжат и после тоа, тогаш барајте други причини за нив. |










.gif)

.gif)

























