| Болки во грбот: Јога или Пилатес? |
![]() Јогата и Пилатесот стануваат сè попопуларни како прв избор при одлуката да почнете со вежбање. Прашањата кои од тоа произлегуваат се: „Која е разликата меѓу нив, како тие би придонеле за намалување на болките во грбот и каде може да се практикуваат?“ Што е Јога? Јогата е многу почитувана насекаде во светот како можност за релаксирање по напорните секојдневни обврски, преку холистички пристап кон телото и умот, за да се издржи напорното темпо на живот. Јогата потекнува од пред 5000 илјади години во Индија. Многу луѓе ја прифаќаат јогата заради одржување на телото и здравјето во добра состојба, или пак, заради одредени медицински проблеми, било да се предизвикани од стрес или од пренапрегнатост. Јогата се фокусира на вежби за дишење, правилно изведување на Јога положби (со задржување во положбите одреден период) и медитација. Што е Пилатес? Пилатесот е форма на вежбање развиена од Џозеф Пилатес во почетокот на 20-тиот век во Њујорк. Се состои од лесни вежби со слаб интензитет кои го потикнуваат умот да презема контрола над мускулите, така што телото изведува серии на контролирани движења, што води кон подобро држење на телото и зајакнување на `рбетниот столб. Џозеф Пилатес верувал дека „Физичкиот фитнес е прв предуслов за среќа“. Која е разликата? Главната разлика меѓу двете е што Јога движењата се главно статични за разлика од подинамичните кај Пилатесот. Положбите научени со Јогата ја зголемуваат свесноста за телото, сите движења ги активираат и двете страни на телото во исто време, со што се спречува преоптоварување на лигаментите на опашката. Така се овозможува постепено градење на мускулатурата со постепено зголемување на нивоата на вежбите, со што се подобрува еластичноста, што е особено корисно за оние кои страдаат од болки во грбот. Пилатесот е повеќе насочен кон подобрување на држењето на телото преку зголемување на должината, флексибилноста и тонусот на мускулите. Се состои од серија на дневни вежби за зајакнување на основните мускули на телото и вежби за длабоко дишење кои го зголемуваат крвотокот низ телото, со што се подобрува обновувањето на оштетените мускули или лигаменти, што е многу корисно за оние кои стадаат од дегенеративни заболувања на дискусите и проблеми со зглобовите. Каде може да ги практикувате? Проверете ги огласите во дневните весници, Интернет огласниците, или пак плакатите во вашето место на живеење. Кај нас обично овие курсеви започнуваат од Септември, затоа, ако не најдете некој курс во овој период, размислете добро што ќе одберете до крајот на летото. Ако имате проблеми од грбот, пред да започнете да вежбате пожелно е тоа да му го соопштите на вашиот тренер, за да може да ви препорача одредена програма соодветна за вашата состојба. |










.gif)

.gif)

























