| 10 алтернативни терапии за болките во грбот (трет дел) |
![]() Болките во грбот секогаш се незгодни и доколку се соочите со нив, би сториле сѐ за да се ослободите од нив. Понекогаш, кога традиционалните терапии не помагаат, можеби е време да се обидете со алтернативните: 5. Магнезиум Магнезиумот е четвртиот најзастапен минерал во човечкото тело. Тој е вклучен во преку 300 биохемиски процеси во организмот. Магнезиумот ја одржува нормалната функција на мускулите и нервите, го стабилизира ритамот на срцето, го регулира нивото на шеќерот во крвта, како и крвниот притисок, а вклучен е и во метаболичките процеси и синтезата на протеините. Симптомите на недостаток од магнезиум се:
Во една медицинска студија во Германија било откриено дека надополнувањето на потребите од магнезиум по вештачки пат довело до зголемување на нивото на минералот во клетките од дури 11%, а 76 од 82 испитаници пријавиле дека по нормализирањето на нивоата на магнезиум, значително им се намалиле болките во долниот дел од грбот. 6. Бовен терапија Бовен терапијата е вид нежна терапија што ја развил Том Бовен, остеопат од Австралија (1916-1982). Оваа терапија е најраспространета во Австралија и Европа, но полека се проширува и низ остатокот од светот. Во Бовен терапијата се користи серија специјални потези кои се изведуваат со прстите и палците. Со нив, терапевтот обично ја повлекува кожата од мускулите, нанесува притисок и потоа бргу ја разлабавува тензијата. Овие потези се изведуваат на точно определени точки на мускулите, каде што се наоѓаат нервните рецептори. Оттаму, до мозокот се испраќаат нервни импулси, по што мускулите се релаксираат и болката се намалува. Потезите не се последователни. Терапевтот обично му овозможува на клиентот да се одмори неколку минути од потег до потег. Вообичаено, еден третман со оваа терапија трае од половина час до 40 минути. |











.jpg)

.jpg)








.jpg)

















