| 10 алтернативни терапии за болките во грбот (прв дел) |
![]() Болките во грбот секогаш се незгодни и доколку се соочите со нив, би сториле сè за да се ослободите од нив. Понекогаш, кога традиционалните терапии не помагаат, можеби е време да се обидете со алтернативните: 1. Акупунктура Во една студија на Универзитетот Шефилд, на 159 луѓе со болки во грбот им биле овозможени по 8 третмани со акупунктура, додека 80 пациенти добиле традиционални третмани. По една година, тие што биле подложени на акупунктура пријавиле намалени болки во грбот и помала грижа за истите, од оние што биле на традиционална терапија. По две изминати години, групата подложена на акупунктура, во многу поголем процент пријавувала дека изминатата година не почувствувале болки и многу помалку користеле лекови за намалување на болките. Според кинеската медицина, болката настанува кога енергијата се блокира по патиштата во телото. Болката се намалува кога иглите ќе бидат вметнати во невидливите патишта и енергијата ќе започне одново да тече. Научното објаснување е дека акупунктурата испраќа сигнали кои го смируваат симпатичниот нервен систем и ослободува неврохемикалии и хормони кои ја намалуваат болката. 2. Витамин D Природниот извор на витаминот D, од кој најголем дел од нас го добиваат, е директната изложеност на сончевата светлина. Кога ќе се јави недостаток на овој витамин, може да дојде до хронични болки во мускулите, а особено во грбот. Ризиците за појава на недостиг на витаминот се: Доколку вашата болка е предизвикана од недостиг на витаминот D, треба веднаш да го дополните. Него го има во рибите со ситни коски, витаминизираното млеко, како и житарките. |











.jpg)

.jpg)








.jpg)

















