`Рбетот ќе ви
биде благодарен!

Јавете се

02 3094 551
  • Вашата кошничка е празна
X

Космодиск е-магазин

Ве молиме внесете ја вашата e-mail адреса за да добивате месечно бесплатен Космодиск е-магазин.
Прати
Со Акупресура против вкочанет врат
Со Акупресура против вкочанет врат

Вкочанетоста во вратот е честа појава, особено кај луѓе кои цел ден седат пред компјутер, а може да биде последица и од секојдневниот стрес на работното место и во домот.

Има две многу ефективни акупресурни точки за намалување и спречување на болки во вратот и главоболките предизвикани од тоа. Исто така, за поголема ефикасност при вежбање, притискајте ги следните акупресурни точки пред да правите било какви вежби за врат:

Точка 1

Се наоѓа од двете страни на `рбетот, на надворешната страна од вратните мускули, во длабнатината на долната страна од черепот.
Ставете ги рацете врз главата. Со помош на палците притискајте ги овие точки една по една. Притискајте во правец на очите, онолку силно за да ви биде пријатно, не болно.

Притиснете ја десната страна 12 пати. При секое притискање задржете 3 секунди, а потоа отпуштете 1 секунда. Или бројте: притисни 123... отпушти... притисни 123... отпушти... итн. до 12. Повторете и на левата страна.

Притискајте ја оваа точка 2-3 пати дневно кога имате вкочанет врат или болки во вратот. Помага за:

  • Олеснување на болките и вкочанетоста во вратот;
  • Ослободување од главоболките зад и од страните на главата.

Точка 2

Забелешка: Не треба да се притиска за време на бременост (особено во последното тримесечје) бидејќи може да предизвика контракции на матката.

Се наоѓа во мускулите на врвовите од рамената, на средина помеѓу `рбетот и надворешните краеви на рамената.
Лоцирајте ја со помош на показалецот и средниот прст од левата рака и притиснете ја точката на десното рамо 12 пати. Притискајте онолку силно за да ви биде пријатно, не болно.



Како и кај точката 1, притискајте 3 секунди, потоа отпуштете 1 секунда. Повторете на левото рамо.

Притискајте ја оваа точка 2-3 пати дневно кога имате вкочанет врат или болки во вратот. Помага за:

  • Олеснување на болките и вкочанетоста во вратот и рамената.

Здрав врат и рамена

Како да се справите со вкочанет врат без лекарства


Сигурно ви се случило да се разбудите со вкочанет врат и потоа во текот на целиот ден да се мачите со движењето на главата. За оваа состојба виновни можат да бидат повеќе фактори, но што да направите откако ќе се соочите со неа, а да не посегнете по лекарства?

Прочитај повеќе


10 совети за здрав врат и здрави рамена


Дали секојдневното работење пред компјутер започнува да ви предизвикува болки во вратот и рамената? Тогаш, можеби е време да направите промени во навиките. Следете ги овие едноставни совети, за да дојдете до поздрав врати и поздрави рамена.

Прочитај повеќе


Стрес на работа: Вистинска болка во вратот


Повеќе од 40% од луѓето чувствуваат болка во вратот најмалку еднаш годишно. Многу нешта може да предизвикаат болка во вратот, вклучувајќи ја и социјалната работна средина и индивидуалните психолошки фактори.

Прочитај повеќе


„Правилото на вратот“


Експертите велат дека вежбањето во периодите кога се борите со инфекциите, може да биде корисно за организмот и побрзото опоравување. Во просек, тие што редовно вежбаат, двапати помалку се разболуваат од останатите луѓе...

Прочитај повеќе


Како да избегнете вкочанување на вратот додека спиете


Будењето со вкочанет врат е чест проблем. За да го надминете проблемот, треба да ги надминете потенцијалните причинители. Болката надоаѓа толку постепено во текот на ноќта што не сте ни свесни за неа сè до утрото.

Прочитај повеќе


Причини за појава на болки во вратот


Болките во вратот се еден од најчестите здравствени проблеми. Приближно 2 од 3 луѓе се соочуваат со ваквата болка во некој дел од животот. Причините за болката можат да бидат најразлични, но за среќа, постои и начин за справување со неа.

Прочитај повеќе


Болки во вратот кај децата, причини и третмани


Децата по природа се немирни суштества кои често се удираат и се повредуваат во текот на нивните игри. Иако најчесто сето тоа поминува речиси веднаш, понекогаш се случува да се пожалат на болки во вратот, а тогаш е многу важно да знаете да распознаете истегнување кое настанало од играње, од нешто посериозно.

Прочитај повеќе


Вкочанети врат и рамена?


Вкочанетоста во вратот и рамената може да ја чувствува секој, а ние ви предлагаме начини како да си помогнете.

Прочитај повеќе


Подарок вага
Препорачани производи
КОСМОДИСК ЛАЈФ Перница Контур

Цена: 1.690,00 Ден.

Нарачајте!
КОСМОДИСК ПРЕСТИЖ Автомобилска апликација

Цена: 3.990,00 Ден.

Нарачајте!
Физиотерапевтско перниче за масажа
Цена: 1.290,00 Ден.
Нарачајте!
КОСМОДИСК КЛАСИК Помагало за `рбет

Цена: 3.790,00 Ден.

Нарачајте!

© 2007, Студио Модерна д.о.о.е.л. | Контактирајте нè | За нас | KOSMODISK International

Произведен во Словенија, ЕУ од Studio Moderna d.o.o. Podvine 36, 1410 Zagorje ob Savi, Slovenia


Студио Модерна дооел, Иван Милутиновиќ бб, 1000 Скопје, Тел. 02/ 3094 551

ЗАТВОРЕТЕ X