| 7 Хербални третмани против болки во половината |
![]() Болките во долниот дел на грбот се неподносливо непријатни и можат да ве забават, дури и спречат во извршување на вашите секојдневни задачи. Постарите лица се најчестите жртви на овие болки, но поради брзото темпо на живот што го имаме денес, секој може да ги искуси. Но, за среќа постојат многу продукти и методи кои гарантираат олеснување на овие болки во грбот. Постојат апчиња, лепенки, додатоци во исхраната и многу други средства кои овозможуваат брзо олеснување. Ако сте личност која не сака медицински препарати кои содржат хемикалии и вештачки состојки, истите болки можат да бидат отстранети и со користење на хербални (билни) медикаменти. 1. Мешавината од Турмерик и Ѓумбир, со малку лук во мала количина на вода е најдобра за масажа на болните места. Топлата арома од Ѓумбирот ќе протече и ќе ги релаксира мускулите на болната област. Овој начин на олеснување на болките е безбеден да се користи секој ден. 2. Варењето на Ѓумбирот и пиењето на сокот од истиот е многу добар за олеснување на болките во грбот и грлото. Топлата вода која поминува низ вашето тело, помага за олеснување на болките во половината. 3. Користете зеленчук во вашата исхрана. Избегнувајте храна која дебелее, како и солени производи. За да ги избегнете болките во грбот треба да внимавате на исхраната и извршувањето на дневните активности. Кога имате болки секогаш се препорачува најпрво да си помогнете со природни средства, пред да се консумираат останатите средства против болки (лекови). 4. Јадете течна храна. Тврдата столица може да придонесе за зголемување на болките во половината. Прочистете се со внесување на храна богата со природни влакна. Тоа е еден добар начин за намалување на болките во половината. 5. Може да направите чај од камилица и сладок корен (ликорис). Може да се пие додека е топол. Топлата вода и природната арома на билките можат да им помогнат на болните мускули да се релаксираат и да им ја вратите енергијата. 6. Ако можете вклучете го и црвениот пипер, особено лутиот, во исхраната. Тој содржи една состојка капсаицин, кој е најдобар за релаксирање на мускулите. Покрај тоа, има и креми кои ги содржат овие состојки за олеснување на болките. 7. Друг ефикасен начин за намалување на болките во грбот е хидратацијата. Внимавајте да пиете 8-10 чаши вода секој ден. Чајот од нане го лади телото. Исто така, може да пиете и свежи овошни и зеленчукови сокови. Доколку не сте имале некоја повреда или напорни активности, болките во долниот дел на грбот можат да се намалат со третман со млака вода и билки. Болките во грбот предизвикани од стрес бараат само релаксација и резултатите ќе ги почувствувате за неколку минути. |











.jpg)

.jpg)








.jpg)

















